Wednesday, May 23, 2018

Делови на компјутер

Делови на компјутер


  • Основните делови на компјутер се:
  • Куќиште(Case)
  • Напојување(Power Supply)
  • Матична плоча(Mother Board)
  • Процесор(CPU-Central Processing Unit)
  • РАМ меморија(RAM-Random Access Memory)
  • Хард диск(HDD-Hard Disk Drive)
  • Графичка картичка(GPU-Graphics Processing Unit)

Првите 3 се едноставни делови а останатите се сметаат за комплицирани.

Служат за:
1.Куќиште
-Пластична кутија
-Ги чува сите други основни делови
Сè што овој дел прави е тоа дека во него се чуваат сите делови на безбедно.

2.Напојување
-Се приклучува во штекер
-Дава електрична енергија на сите делови
Овој дел овозможува за сите други делови да можат да ја вршат својата работа.

3.Матична плоча
-Таа е коло
-Комуницира помеѓу деловите
Сите делови се поврзани со матичната плоча и таа дозволува сите делови да праќаат електрични сигнали и да комуницираат помеѓу себе, таа е најважниот дел бидејќи без матичната плоча ке нема каде да се поврзат сите делови.

4.Процесор
-Овде компјутерот прави работи
-Многу малку место за складирање податоци
Овој дел е многу добар во читање на податоци брзо, уредување на податоците, прави големи калкулации многу брзо и повеќето програми од овде работат.Целиот компјутер е мозок а овој дел е централниот дел на мозокот(компјутерот).Сè што се случува во компјутерот оди низ процесорот во одреден момент.

5.РАМ меморија
-Складирање на податоци/датотеки
-Малку простор за складирање
-Брз пристап
Рамот складира ист вид на податоци како хард дискот но жртвува простор за складирање за скоро инстантна пристапност.Во РАМ меморијата се складирани работите кои ги користиме во моментот, тие работи во кои треба брзо да влегуваме и излегуваме.Кога уклучуваме програма или документ процесорот индетификува кои податоци се потребни за програмата да се уклучи и работи и ги зема од хард дискот и ги носи во РАМ меморијата за брза достапност.РАМ меморијата дозволува да користиме интензивни програми.

6.Хард диск
-Складирање на податоци/датотеки
-Многу простор за складирање
-Спор пристап
Кога компјутерот вели дека има малку меморија тогаш тоа значи дека хард дискот е скоро полн со податоци, датотеки, игри и друго.Хард дискот има многу место за складирање но е многу спор во пристапување на податоците.Таму се складирани податоците кои не ги користиме во моментот.Хард дискот не дозволува да користиме интензивни програми но на него можеме да имаме повеќе такви програми.

7.Графичка картичка
-Самостоен компјутер
-Дознава кои пиксели треба да се покажат на екранот во која боја и во кое време
Ако имате уклучено програма како во 3D свет со многу различни агли, бои, модели и друго како некоја игра тогаш процесорот е тој што го креира тој 3D свет и знае каде се сите работи и го прави тоа со податоци кои се зачувани во РАМ меморијата кои биле извлечени од хард дискот но графичката картичка е таа што дознава како тој 3D свет треба да изгледа базирано на тоа каде стоите во светот.


На кратко сé објаснето:
-Куќиштето ѓи чува сите делови во физичка кутија
-Напојувањето дава електрична енергија на она што му треба
-Матичната плоча е телото во кое сé се поврзува
-Процесорот прави сé
-РАМ меморијата чува податоци кои се потребни за брз пристап
-Хард дискот чува сé што е инсталирано
-Графичката картичка дознава како сé треба да изгледа


No comments:

Post a Comment